Во БиХ уапсени три лица за местење избори во Сребреница

Од:

Полицијата во Босна и Херцеговина денеска уапси три лица кои се под истрага поради сомнение за учество во злоупотреби поврзани со локалните избори одржани на 15 ноември.

Портпаролот на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), Лука Миладиновиќ потврди дека три лица биле приведени при претреси во областите Сребреница и Тузла, а операцијата била нарачана од државното обвинителство.

Обвинителството на БиХ само соопшти дека истражува сомневања за нерегуларности за време на локалните избори.

– Незаконитостите што се испитуваат се однесуваат на изборниот процес во 2020 година и наводи за манипулации и незаконитости поврзани со пријавите на граѓаните за гласање од странство, соопшти Обвинителството на БиХ.

Локалните медиуми објавија дека се приведени лица осомничени за злоупотреба на личните податоци на гласачите од Сребреница, кои без нивно знаење ги пријавиле за гласање преку дописи од странство односно од Србија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски