Ковид-19 би можел да доведе до дополнителни 100.000 смртни случаи од маларија

Од:

Пандемијата на коронавирусот и тешкиот пристап за лекување би можеле оваа година да доведат до дополнителни 100.000 смртни случаи од маларија во подсахарска Африка, проценува Светската здравствена организација.

Во годинешниот извештај за маларија е наведено дека намалувањето на пристапот за ефикасно лекување од 10 отсто, би можело да доведе до дополнителни 19.000 починати во регионот, а намалување од 50 отсто би значело 100.000 дополнителни смртни случаи до крајот на годинава.

Регионалниот директор на СЗО за Африка, Матшидисо Моети изјави дека Ковид-19 се заканува да ги загрози напорите за спречување на маларијата.

Би можело да ве интересира

Во Јужна Африка за првпат регистриран дневен скок од над 10.000 инфицирани со коронавирус

Се повеќе африкански земји набавуваат „Ковид органик“

А1он