Во Јапонија во октомври имало поголем број на самоубиства од починати од последици од Ковид-19

Од:

Јапонската полиција денеска соопшти дека во октомври регистрирани се 2.153 самоубиства, а од последици од новиот коронавирус починаче помалку од 2.000 луѓе.

Од почетокот на годината во Јапонија забележани се 17.000 самоубиства, а според експертите по памдемијата е влошено менталното здравје на Јапонците поради долготрајната изолација, одвоеност од членовите на семејството, невработеноста и другите финансиски проблеми.

– Мораме сериозно да се соочиме со реалноста, изјави портпаролот на јапонската Влада, Кацунобу Като и ги повика Јапонците да побараат помош преку телефон и социјалните мрежи.

Јапонија традиционално има висока стапка на самоубиства, но неколку години, пред пандемијата, регистриран е пад на нивниот број.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија