Членови на Конгресот против наплата за влез во САД

Од:

Членови на американскиот Конгрес од државите од север се спротивставија на предлогот за наплата, за влез во САД.

Американското Министерство за внатрешна безбедност во април побара одобрување за наплата за влез на граничните премини.

За сега, за влез во САД по копнен пат не се наплаќа ништо, додека влезот на воздушниот и водениот сообраќај се наплаќа по два долари, а таа такса е вклучена во цената на билетот.

Во писмото до министерката за внатрешна безбедност Џенет Наполитано, 18 републикански и демократски пратеници наведоа дека наплатата би нанела штета во областите долж границата кои заработуваат од прометот помеѓу САД и Канада.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД