Двајца луѓе се убиени и петмина ранети откако вооружен маж отворил оган врз неколку автомобили во западен Тексас.
Меѓузагинатите е и напаѓачот – 23-годишен маринец кој бил под истрага за убиство во Северна Каролина.
Пет луѓе се ранети меѓу кои и шерифот на округот Кончо. Војникот отворил оган врз жена возач во реонот на Идан, во округот Кончо и во следните 90 минути пукал во двајца луѓе во автомобил и по друг возач.
Тој бил застрелан од полицаец кој влегол во престрелка со него.