Новороденче во Кина е спасено од канализациска цевка, откако некој го фрлил во тоалет и пуштил вода, јавија кинески државни медиуми.
Неименуван полициски службеник од градот Џинхуа на исток во државата изјави дека бебето преживеалео, а лицата кои го напуштиле се сомничат за обид за убиство.
Граѓани во тој град повикале пожарникари откако од тоалет на четвртиот кат од станбена зграда слушнале плач на бебе.
Обидот да биде извлечено од тоалетот првично не дал резултати, но подоцна пожарникарите успеале да исечат дел од канализациската цевка и го однеле во локалната болница. Машкото бебе, старо само два дена било тешко 2,3 килограми и имало исекотини на лицето и телото.
Сега е во стабилна состојба, а полицијата е во потрага по неговите родители.