Каракачанов: Не верувам во интервјуа, потребен е анекс или нов договор

Од:

Бугарскиот вицепремиер Красмир Каракачанов оцени дека интервјуто на премиерот Зоран Заев за „Бгнес“ е мал чекор напред во вистинската насока.

Каракачанов, сепак, вели дека не претпочита да верува во декларации и интервјуа, туку она што е кажано да биде спроведено на дело.

Тој рече дека во моментот на Бугарија ѝ се потребни конкретни гаранции, а тие не може да бидат поддржани само со декларација, туку потребно е да се склучи писмен документ – потпишување анекс или нов договор, пренесе бугарската агенција „Фокус“.

„Ние сакаме јасна гаранција како ќе се промени нивниот образовен систем, со специфични рокови. Самиот процес на преговори може да трае 10 години, но за да се согласиме да го почнеме, ни треба патоказ. Сакаме многу јасно овој услов да биде вметнат во договорот со Европската Унија и да биде јасно дека може да го запреме процесот во кое било време ако договорот не се спроведе“, рече Каракачанов.

Тој додаде дека на Бугарија ѝ претстои да продолжи ревносно да ги брани своите национални интереси.

Би можело да ве интересира

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски