Откако претходно беше наградена со квалитет за општествена одговорност, Општина Делчево доби уште едно признание во делот на позитивниот пристап во соработката со трети компании. Во таа насока, како што информираа надлежните, општината се стекна со сертификат за квалитет, кој го доделува Здружението за истражување, анализа, стандардизација и сертификација – ИАСС од Скопје.
-Сертификат за квалитет е по стандардите IASS 2020: 2022“ и е доделен на Општина Делчево по извршена претходна интернет-анализа за позитивни споменувања, како и екстерна анализа од аспект на услужливост на купувачите, гаранција за услугите и позитивен пристап во соработката со трети компании. Имајки ги предвид сите овие параметри, Здружението ИАСС одлучи дека Општина Делчево ги исполнува условите за овој сертификат за квалитет, информираа од Општината.
Сертификатот за квалитет, како што додадоа, е со важност од две години.
-Пред шест месеци општината се здоби и со сертификат за општествена одговорност со кој општината стана дел од семејството сертифицирани компании во земјава, со над 3000 членови, кои се во регистерот на сертифицирани компании, додадоа од Општина Делчево.
Од општината истакнаа дека ќе продолжат со активностите кои значат подобрување на работата со сертифицирани компании се со цел ваквите признанија да продолжат и во иднина.