(ВИДЕО) Маркоска: Буџетот за 2021 обезбедува инвестиции во јавното здравство и засилена реализација на капиталните инвестиции

Од:

„Владата предводена од СДСМ подготви Предлог Буџет за 2021 година кој е во насока на ефикасно справување со здравствените и економски последици од коронавирусот.

Реализација на Буџетот е насочена кон заштита на здравјето на граѓаните, стопанството и работните места, кон забрзување на процесот на ревитализирање на економијата и зајакнување на конкурентноста и забрзување на економскиот раст.

Инвестиции во јавното здравство, спас на работните места и реализација на капиталните инвестиции се клучните сегменти во Предлог Буџетот за 2021 година“, рече Даниела Маркоска, пратеничка од СДСМ.

„Поддршката за стопанството и работните места продолжува и во 2021 година. Преку неколку програми од Буџетот за 2021 година обезбедуваме поддршка во вкупна вредност од 7,1 милијарда денари или 115,5 милиони евра.

Од овие средства 1,9 милијарди денари ќе се наменат за поддршка за формирање на нови компании, преку самовработување и вработување на други невработени лица, но и обуки за невработените.

За ставката здравство, во Буџетот за 2021 се проектирани 40,8 милијарди денари, со што на дело ја потврдуваме заложбата за сериозни инвестиции во јавното здравство кое со месеци се бори против коронавирусот.

Буџетот за 2021 година е структуиран да одговори и на здравствените и на економските предизвици од коронакризата, но истовремено нуди можности за рестарт на македонската економија.

Веќе утре тој ќе се најде пред пратениците во Собранието. Повикуваме, низ отворена, инклузивна и конструктивна дебата, прво во матичната комисија а потоа и на пленарна седница, Буџетот за 2021 да биде донесен од страна на сите пратеници.

Како одговорна партија, продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал, во капиталните инвестиции, во јавното здравје, во се она што е важно за нашите граѓани“, изјави Даниела Маркоска, пратеничка од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он