Обама ги посети погодените подрачја од торнадото во Оклахома

Од:

Американскиот претседател Барак Обама го посети денеска гратчето Мор во Оклахома, кое во почетокот на неделата го погоди силно торнадо во кое 24 лица го загубија животот.

Обама на граѓаните им порача дека државата стои зад нив и дека ќе им помогне она што е разурнато повторно да биде изградено.

Тој со гувернерката на Оклахома Мери Фелин помина покрај разурнатите остатоци од уништеното основно училиште Плаза Тауерс, каде седум деца настрадаа во торнадото.

Обама разговараше и со семејствата на настраданите и спасувачите кои пружија прва помош по ударот на торнадото.

Во моментот околу 450 лица од Федералната агенција за вонредни состојби се наоѓаат на терен, додека за граѓаните се обезбедени 43.000 оброци.

Торнадото, што го погоди централниот дел на Оклахома, е едно од најсилните регистрирани во САД во последните неколкугодини.

Според податоците на надлежните уништени се 1.200 куќи, додека околу 33.000 луѓе директно се погодени од налетот на торнадото.

Би можело да ве интересира

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД