Во Турција од денеска делумна забрана за излегување за викенд

Од:

Во Турција од денеска стапува на сила делумна забрана за излегување за време на викендите, објави на Твитер турскиот министер за здравство Фахретин Коџа. Како што објави Милиет, според новата мерка, на граѓаните нема да им биде дозволено да излегуваат надвор од 20 часот во сабота до 10 часот во недела и од 20 часот во недела до 5 часот наутро во понеделник.

Другите дополнителни мерки во борбата против коронавирусот, кои стапуваат на сила од 20 часот вечерва, предвидуваат работно време на трговските центри, продавниците за храна, фризерите само во интервал од 10 до 20 часот; како и затворање на кино салите, концертните сали, театрите и спортските сали. Од вечерва, рестораните ќе нудат или доставуваат само храна за дома. Луѓето на возраст од 65 години и повеќе ќе можат да излегуваат надвор од 10 до 13 часот, а оние под 20 години – помеѓу 13 и 16 часот.

Би можело да ве интересира

Турција и во „локдаун“ и со забрана за продажба на алкохол

Катерина Ѓуровски

Во Турција почна имунизација со кинеската вакцина Синовак

Турција забранува влез на патници од Британија поради новиот вид на коронавирус

Осум пациенти во ковид центар загинаа во пожар во болница на југот на Турција

Во Турција црн рекорд на починати од Ковид-19