Седум лица се повредени кога копнен надвозник беше урнат вчера во американската сојузна држава Мисури, откако се судрија два воза.
Несреќата се случила 190 километри југоисточно од Сент Луис кога едниот воз се удрил странично во другиот и излетал од шините.
Исфрлениот воз се удрил во потпорниот столб на надвозникот, предизвикувајќи пожар од дизел гориво.
Во моментот на сударот двете композиции минувале под надвозникот. Пожарот бил брзо изгаснат, а на местото на настанот беа испратени тимови за итна интервенција, пренесуваат американсите медиуми.