Кандидат за градоначалник на Травник почина од Ковид-19 на денот на изборите

Од:

Доктор Мирсад Пецо, кој беше кандидат на Партијата за демократска акција (СДА) за градоначалник на Травник, почина денеска во болница од последиците на коронавирусот.

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина не може да потврди како ќе постапат во овој случај бидејќи сè уште официјално не добиле потврда за смртта на кандидатот.

Општинската изборна комисија на Травник не можеше да коментира што следи според Изборниот закон на БиХ, бидејќи ова е прв случај на смрт на кандидат за градоначалник на денот на локалните избори, објави порталот Радио Сараево.

„Тој почина утрово, и практично, оној кој гласа за него го фрла гласот. Од оние кои останаа на кандидатската листа, ќе победи тој што ќе добие најмногу гласови“, изјави за агенцијата Анадолија политичкиот аналитичар Вехид Шехиќ, поранешен член на Централната изборна комисија на БиХ.

Тој посочи дека, и покрај смртта на кандидатот, изборниот процес продолжува да тече нормално.

Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат локални избори во сите градови и општини, освен во Мостар, каде изборите се закажани за 20 декември.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски