Ковачев: На Заев му недостига смелост за да го исполни Договорот со Бугарија

Од:

На 17 ноември, oчигледно, нема да се стигне до решение за да започнат преговорите меѓу РС Македонија и ЕУ. Јас не би го нарекол ова вето, туку одложување. Ова го изјави Андреј Ковачев, европратеник од ЕПП.

„Одложување на процесот, но се зависи од Скопје. Ако одлучат да го сменат своето мислење, да престанат да ја фалсификуваат историјата и да престанат да користат говор на омраза, тогаш ќе имаме друго решение. Но, малку е веројатно дека тоа ќе се случи во наредните денови“, рече Ковачев, кој не кажа краен рок, кога ќе може да се најде решение.

Бугарскиот европратеник не исклучи почетокот на преговорите на РС Македонија да започне за време на некое од следните претседателства на ЕУ пред 2021 година.

Ковачев истакна дека бугарската позиција не се променила со текот на годините. Македонија имала цели три години од потпишувањето на Договорот, да ја смени својата политика.

„Во Договорот е напишано дека имаме општа, а не заедничка или паралелна историја, како што инсистираат Македонците. Тие немаат од што да се плашат и да бегаат од вистината. Признавањето на историската вистина нема да го промени нивниот современ идентитет“, изјави Ковачев за телевизијата БГ On Air.

Според него, не е европска вредност да се бара од Бугарите да прифатат лаги и манипулации.

„Тие не можат да ни кажат дека има две вистини. Ова не е античка историја, каде што може да има различни толкувања, туку нова историја, каде што има доволно извори и документи“, додаде Ковачев.

„Многу помогнавме РС Македонија да стане членка на НАТО. Ние го обезбедивме нашето искуство за РС Македонија да бидеме членка на ЕУ. Ние го испочитувавме членот 2 од Договорот. Без наша помош, немаше да има Договор од Преспа со Грција, ова го признава премиерот Зоран Заев“, рече Ковачев.

„Ние сакаме да им помогнеме на нашите најблиски луѓе од РС Македонија да стане членка на ЕУ. Ние ќе и помогнеме на РС Македонија, без оглед кој е на власт. Битно е тој да ги преземе важните чекори. Не ја прифаќаме политиката на поранешниот премиер Никола Груевски, кој започна процес на антиквизација и изгради многу споменици на бугарските херои, но ги претстави како борци против Бугарија. Не можеме да го прифатиме тоа. Заев направи вистински чекори што Груевски не ги презеде, потпишувајќи ги двата договори со Бугарија и Грција. Сега се чини дека му недостига малку храброст да го исполни Договорот со Бугарија“, категоричен е Ковачев, пренесува Бгнес.

Би можело да ве интересира

Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски: Ја искривува реалноста

Сиљановска-Давкова гледа деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес

Катерина Ѓуровски

„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Немам проблем да се сретнам со бугарскиот премиер за да најдеме начин да се одблокира процесот

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски