Професорот Абдулах Шарчевиќ, редовен член на Академијата на науките и уметностите на БиХ и еден од водечките филозофи и мислители на Балканот и поширко во Европа, е годинешниот добитник на Светската награда за хуманизам за 2021 година што ја доделува Охридската академија на хуманизмот.
Академик Шарчевиќ е 15-ти по ред добитник на оваа претижна награда што се доделува во Охрид, како активност осмислена во насока на возобновување на духовната меморија за првата средновековна школа на хуманизмот основана од Светите Климент и Наум, учениците на Св. Кирил и Методиј – заштитниците на Европа.
Лауреатот во писмото до меѓународното жири што ја доделува наградата истакнува дека е исклучително почестен што Академијата за хуманизам во вброила меѓу личностите кои оставиле длабоки траги во светската историја на хуманизмот. Тој најави дека со голема радост ќе дојде во Охрид за да го прими високото признание.
Свечената церемонија на доделувањето на наградата традиционално ќе се одржи на 18 јануари наспроти големиот празник Богојавление, во куќата на Уранија на МАНУ во Охрид. Пригодни беседи за Шарчевиќ ќе одржат Јордан Плевнеш и акедемик Георги Старделов, бидејќи почетокот на универзитетската кариера на Шарчевиќ е врзан за Филозофскиот факултет во Скопје, а потоа продолжува во Сараево, Загреб и во повеќе европски и американски универзитети.
Наградата на лауреатот ќе му ја врачи градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, во присуство на поголема меѓународна асемблеја на гости, меѓу кои и претставници и градоначалници од збратимените градови на Охрид од Европа и градовите по покровителство на УНЕСКО.
Следниот ден на 19 јануари ќе биде организирана се одржи Меѓународна онлајн конференција „Охридската школа на хуманизмот од Средниот век до денес во Европа и светот“, на која меѓу другите, ќе учествуваат и Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, Жан-Патрик Конрад – Претседател на Европската академија на науките и книжевностите во Лондон, Ралица Русева – Историчар на уметноста од Бугарија, Рикардо Бризи – Социолог на Универзитетот во Болоња, професорите Фабрис Далмеида и Пантеон Асас од Универзитетот Сорбона.
Инаку, Професорот Шарчевиќ е петнаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО веќе овенча светски великани меѓу кои нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди.