Турската актерка Меријем Узерли поради психички проблеми го прекинала снимањето на хит серијата „Величенствениот“ и се вратила во Германија.
Меријем на докторите им кажала дека се чувствува многу депресивно, а тие ја советувале да се одмара повеќе.
Оваа препорака таа ја искористила да отпатува со нејзиниото момче Кан Атеш во Бодрум , а потоа и во родниот Берлин.
-Лошо ми е, не можам повеќе. Не можам да издржам овде. Се враќам во Берлин – изјавила Меријем.
По заминувањето во Германија таа веднаш отишла во една клиника на рехабилитација каде и била констатирана дијагноза „екстремен замор и ментална исцрпеност“.