Државната каса во април со суфицит

Од:

Буџетот на Република Македонија во април оствари суфицит од 172 милиони денари. Вкупните приходи, според денеска објавената табела на Министерството за финансии, изнесуваат 16.657 милиони денари, а расходите 14.485 милини денари.

Вкупните даночни приходи изнесуваат 7.092 милиони денари, од кои најголем прилив има од данокот на додадена вредност 3.419 милиони денари, потоа е персоналниот данок на доход со 959 милиони денари, Данокот на добивка со 755 милиони денари. Од акцизи се слеани 1.195 милиони денари, додека неданочните приходи изнесуваат 773 милиони денари.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески неодамна изјави дека буџетот е во добра кондиција. Приливот на средства во првите четири месеци е соодветно на очекувањата, а плаќањата се вршат навремено.

Според вицепремиерот остварениот суфицит ќе помогне да се изврши нивелација на зголемените расходи во февруари и на почетокот на годината и во март поврзани со плаќањата на обврските кон стопанството и субвенциите. Дефицитот е во рамки на очекувањата и, како што рече вицепремиерот, таков ќе биде до крајот на годината. Тој очекува да се исполанат проекциите.

Би можело да ве интересира

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К15

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада