Земјотрес со интензитет од 8,2 степени според Рихтеровата скала го погоди рускиот остров Сахалин.
Епицентарот на земјотресот бил на 590 километри под морското дно. Подземни земјотреси се регитрирани во 25 од 47-те јапонски префектури.
Руското Министерсво за вондредни ситуации предупреди од појава на цунами и ги предупреди жителите на крајбрежните реони Сахалин и Курилските Острови да ги напуштат ниските делови. Но, набрзо предупредувањето беше повлечено.