Мостот кој го поврзува Сиетл во САД со Канада и со северозападниот пацифички регион се урна и во реката паднаа неколку возила и луѓе, соопшти портпаролот на сојузната држава Вашингтон.
Властите истакнаа дека во инцидентот никој не загина и оти три лица се спасени и се хоспитализирани. Се уште не е позната причината за уривање на мостот стар 50 години.
Министерството за сообраќај на државата Вашингтон соопшти дека ја истражува можноста причината за уривањето на мостот да била претовареноста на еден камион.
Американското здружение на градежни инженери наведе дека повеќе од една четвртина од вкупно 7.840 мостови во државата Вашингтон структурно се неадекватни или функционално застарени.