Чаршија, Подград, Ада, Чуприја, Горица и други автентични имиња на улици и делови на градот од денеска го красат Столац.
Според жителите, покрај тоа што овие имиња се најприсутни во секојдневниот говор, никого не навредуваат и прифатливи се за сите жители на босанскиот град Столац.
Акцијата на поставување на плочите со автентичните стари имиња на улиците кои се користат во секојденвниот говор на жителите, ја спроведоа активистите на Форумот на младите од СДП, Здружението за обнова на граѓанската доверба и многу граѓани.
На ваква акција жителите ги натераа сегашните имиња на улиците кои според нив се донесени после војната и алудираат на еднонационална слика на градот, како што се „Улицата на хрватските бранители“, „Крал Томислав“, „Бановинска“ и други кои освен што можат да бидат навредливи, не припаѓаат на локалното ниту пак на босанското историско миље, граѓаните пак воопшто не биле прашани дали сакаат такви улици.