Битиќи: Грчката Влада ја гледаме како партнер

Од:

Грчката Влада ја гледаме како партнер, што е посветен, не само на имплементацијата на Договорот од Преспа, туку и можност во ерата по потпишувањето на Договорот, вели заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во интервјуто за телевизијата „Делта“ од грчкиот град Александруполи, јави дописничката на МИА од Атина.

Комплетното интервју ќе се емитува утревечер, а во најавата, телевизијата ги пренесува ставовите на Битиќи како во однос на позицијата на грчкиот премиер за Договорот од Преспа во периодот додека беше опозиција, така и во однос на неодамнешното учество на македонската делегација на тркалезна маса во Солун заедно со Помпео.

Заменик-претседателот на Владата, не ги коментира претходните позиции на Мицотакис околу Договорот од Преспа, туку се задржува на сегашниот став на официјална Атина.

-Она што гледам е конструктивна страна, што сака да го поттикне и активира Договорот од Преспа, условите, обврските што произлегуваат од овој меѓународен договор. Така, грчката Влада ја гледам како партнер, што е посветен, не само во имплементацијата на Договорот од Преспа, туку всушност гледа и можност во ерата по потпишувањето на Договорот од Преспа, вели заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции за грчката регионална телевизија.

На крајот од септември, Битиќи, со заменик-претседателот на Владата за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и со министерот за економија Крешник Бектеши, учествуваа на тркалезната маса „Регионалната енергетска безбедност и соработка“ во Солун заедно со државниот секретар на САД, Мајкл Помпео и министерот за животна средина и енергија на Грција Костис Хаѕидакис.

За оваа посета и средбите, Битиќи во интервјуто, вели дека станало збор за соработката во економијата и во повеќе енергетски проекти.

-Разговаравме за неколку конкретни проекти, а еден од нив е терминалот во близина на Александруполи кој е поврзан со терминалот на LNG. Разговаравме за интерконекторот за гас меѓу Грција и Северна Македонија и други билатерални односи кои би можело нормално да активираат подобра бизнис средина во двете земји за нови инвестиции, истакнува Битиќи за ТВ „Делта“.

Би можело да ве интересира

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија