Во Анкара синоќа е убиен почесниот конзул на Чеченија Медет Јунлју, јавија турските медиуми.
Јунлју, кој е инаку бизисмен, бил застрелан неколку пати и загинал на место. Нападот бил извршен синоќа во 19.30 часот во анкарскиот кварт Чанкаја.
Полицијата презела истрага за случајот.
Според блиските на Јунлју, убиството веројатно е извршено по наредба на актуелниот чеченски претседател Рамзан Кадиров, откако тој минатиот месец дал изјава во врска со нападите во Бостон.