Џонсон и Фон дер Лајен укажаа на разликите во ставовите

Од:

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и британскиот премиер Борис Џонсон денеска укажаа на „значителни разлики“ во врска со договорот за меѓусебните односи после Брегзит.

Тие телефонски разговараа со цел да се договорат за „агендата“ на преговорите кои ќе продолжат во понеделник во Лондон.

Во текот на претходните две недели немаше напредок во разговорите, со што се зголемува опасноста од Брегзит без договор.

Фон дер Лајен на Твитер напиша дека најголемите несогласувања се за прашањата за риболов и гаранциите во областа на конкуренцијата што ги бара ЕУ.

Портпаролот на Џонсон даде слична изјава.

Џонсон и фон дер Лајен „се согласија да останат во личен контакт“ и оти преговарачките тимови ќе го продолжат дијалогот следната недела.

Крајниот рок за договорот за економијата се сметаше за средината на ноември, за да може да биде усвоен и да стапи во сила пред 1 јануари 2021 година, кога европските регулативи ќе престанат да важат за Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: И без овој извештај како прв човек на Владата знам дека граѓаните живеат тешко

Горан Наумовски

Вархељи за пакетот за проширување: ЕУ го задржа и зајакна моментумот на проширување во текот на 2024 година

Сиљановска Давкова: Извештајот на ЕУ претставува објективна слика, потсетник и патоказ за реформските приоритети

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Европската Комисија: Стратегиската насока на Србија е под знак прашалник

Горан Наумовски

МЕП: Европската Комисија денеска официјално ја одобри Реформската Агенда на Македонија

Горан Наумовски