Судот во Турција денес осуди четири лица на казна затвор од 83 години, поради производство отровен алкохол од кој починаа пет руски државјани во 2001 година.
Руските државјани починаа од труење на алкохол кој што го конзумирале во текот на крстарење по Егејското море.
Во пијалакот имало метил-алкохол, кој често се користи во правење ефтин пијалак, за да се избегнат државните контроли и високите даноци.
Елена Георгиевска