Самит на ЕУ во Брисел посветен на даночната и енергетската политика

Од:

Шефовите на држави или влади на земјите-членки на Европската унија денеска ќе одржат средба во Брисел посветена на даночната и енергетската политика во Унијата, јави дописникот на МИА од Брисел.

Борбата против на затајувањето на даноци, банкарската тајна и иднината на големите финансиски центри како Луксембург и Лондон, различните даночни стапки во ЕУ и дефиницијата на даночната основа, како и цените на енергијата во земјите-членки, ќе бидат темите што ќе се најдат на маса пред првите луѓе на Унијата.

Претседател на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, кој ќе раководи со денешниот Самит, во писмото-покана до лидерите посочува дека енергијата и даноците се две прашања од исклучителна важност за европската економија и социјалната кохезија.

– Мора да се осигураме дека сите наши политики целосно ќе придонесат за подобрување на конкурентноста, вработувањата и економскиот раст. Овие дебати се исто така во рамки на широката дискусија за стратегијата „Европа 2020“ закажана за март следната година.

– Во рамки на дебатата ќе побарам од лидерите на државите да интервенираме во трите области: поттикнување на раст, конкуренција и работни места преку подобрување на енергетската ефикасност, понатамошен развој на ресурсите и да се постигне попредвидлива енергетска политика, како предуслов за привлекување на потребните инвестиции во модерна енергетска инфраструктура.

– Убеден сум дека ќе успееме да ја дадеме потребната ориентација во нашата идна работа, истакнува Ван Ромпуј во поканата за денешниот Самит на Советот.

Како што е предвидено, по работниот ручек со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, пред првите луѓе на 27-те земји на Унијата претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо ќе го претстави акцискиот план.

– Вкупната загуба на приходи поради измами и неприфатливо затајување на данок се проценува на илјада милијарди евра годишно. Како да им објасниме на искрените домаќинства и бизниси кои и покрај притисокот плаќаат фер удел на данок, додека во исто време постојат други делови од општеството и компании што намерно избегнуваат да платат данок?

– Како да го оправдаме барањето до земјите-членки за фискална консолидација и да направат тежок избор со намалување на трошоците, додека во исто време постојат купови на готовина кои треба да бидат во државните каси, но никогаш не се собираат? Време е за одобрување и спроведување на конкретни предлози и акции за да се спречи сето ова, гласи пораката на Барозо што попладнево ќе им ја пренесе на шефовите на земјите-членки на Унијата.

Следниот Самит на Европскиот совет ќе се одржи во каде покрај идниот седумгодишен Буџет на ЕУ (2014-2020), ќе се одлучува и за доделување на датуми за почеток на пристапните преговори на Македонија и Србија.

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп