Австриската полиција побарала од МВР информации за убиениот напаѓач со македонско потекло

Од:

Министерството за внатрешни работи добило барање од австриската полиција за случајот со убиениот напаѓач во синоќешниот терористички напад во Виена за кој медиумите објавија дека е Албанец со потекло од Северна Македонија. Во терористичкиот напад беа убиени четворица цивили, а 17 се повредени.

„Австриската полиција преку „Европол“ достави барање за соработка и инфромации околу овој случај и од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка веднаш се постапува“, велат од МВР.

По објавите во австриските медиуми и министерот за внатрешни работи на Австрија Карл Нехамер потврди дека убиениот напаѓач во Виена има потекло од Македонија и големо криминално досие.

Би можело да ве интересира

Евакуирана главната Железничка станица во Виена поради закана за поставена бомба

А1он

Османи кај семејството на момчето кое загина во нападот во Виена: Tероризмот е опасна закана за сите нас

Ана Ололовска

И Македонец меѓу жртвите на нападот во Виена

Ана Ололовска

Османи и Димитров со осуда за терористичкиот напад во Виена

Ана Ололовска