Бензините поевтинуваат за половина, а дизелот за еден денар

Од:

Бензините од полноќ поевтинуваат за половина денар, а дизелот и Есктра лесното масло за домаќинство за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 58 денари, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 60 денари за литар. Дизелот од полноќ ќе се продава по цена од 49,5 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по 49 денари.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,107 ден по килограм и ќе изнесува 25,831 ден по килограм.

Поевтинувањето се должи на намалувањето на нафтените деривати на светските пазари во изминатиот седумдневен период.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95