Саем за мед во Скопје од денеска до недела

Од:

Околу 15 производители од различни региони учествуваат на саемската манифестација „Мед и здравје“ што почна денеска во Скопје и ќе трае до недела. Штандовите на кои се нудат мед, најразлични пчелни производи, како и опрема, се поставени на Плоштадот „Македонија“ кај Камениот мост и ќе бидат отворени од 8 до 20 часот.

Организатор на манифестацијата е Пчеларската федерација на Македонија, а покровител Градот Скопје.

-Со гордост можеме да кажеме дека пчеларството во земјава бележи нагорен тренд. Имаме пчелари од сите бранши, од сите старосни структури и од спротивниот пол. Пчеларството станува семеен бизнис со традиција и голем број млади се одлучуваат да влезат во оваа фела. Сепак, оваа и изминатите неколку години приносот на мед е многу намален пред се поради климатските промени, прскањето со пестициди и употребата на средства против комарци, рече претседателот на Федерацијата, Јане Марков.

Според производителот Петре Цаповски, професионален пчелар од Струга, кој првпат учествува на саем во Скопје, ова е добра можност потрошувачите да се запознаат со квалитетот на македонскиот мед, но и бенефитите од овој природен производ. Како што изјави Цаповски, употребата на медот и пчелните производи посебно треба да интензивира во овој период кога се соочуваме со корона пандемијиата.

-Работам со пчели скоро 25 години. Имам пчеларници на повеќе локации. Дојдов тука зашто сметам дека ќе има поголема продажба и секако афирмација на моите производи, рече Цаповски и додаде дека цената на медот на штандовите е унифицирана и изнесува минимум 500 денари од тегла.

Тој укажа дека пчеларите во земјава се уште се соочуваат со нелојална конкуренција, а и субвенциите од државата не се доволно високи.

-Се соочуваме со секакви проблеми зашто нашата работа е многу чувствителна. Државата и води и не води грижа за нас. Добиваме субвенции, но тие се минорни. Бараме поддршката да се зголеми, бидејќи секоја година е се полоша, истакна производителот од Струга.

Гости со свои штандови на Саемот „Мед и здравје“ се Факултетот за земјоделски науки и храна и Факултетот за ветеринарна медицина.

Би можело да ве интересира

Пчелите и медот да бидат заштитени со закон, граѓаните да научат како се препознава вистински мед

Ана Ололовска

Пчелните семејства даваат двојно помалку мед поради климатските промени

Ана Ололовска

Втор меѓународен натпревар за квалитет на мед „Tetovo honey awards 2020“

Ана Ололовска

Медот и пчелите да се заштитат со закон, бара здружението „Матица“

Ана Ололовска

И Атиџе на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020“

Ана Ололовска

Почнуваат „Деновите на македонскиот мед 2020“

Ана Ололовска