„Трисомија 21-Скопје“: Лицата со Даунов синдром да бидат прифатени како рамноправни членови во општеството

Од:

Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21-Скопје“ со студентите од Филозофскиот факултет при УКИМ неделава на настанот насловен „Игри без граници“ испратија порака дека лицата со Даунов синдром треба да бидат прифатени како рамноправни членови во општеството.

Настанот е организиран по повод одбележување на месец октомври како месец за подигање на свеста кај пошироката јавност за лицата со Даунов синдром.

-Од одржаниот настан испративме порака „Не ставајте граници меѓу нас -ние сакаме да бидеме со вас„ и дека ние лицата со Даунов синдром бараме да бидеме прифатени како рамноправни членови во нашето општеството и сите заедно да придонесеме кон градење на инклузивно, поефикасно и посреќно општество, посочија преку соопштение организаторите.

Би можело да ве интересира

Пендаровски ја одведе Ембла во училиште: Во ова општество сите сме еднакви

Катерина Ѓуровски

„Над брановите од животот“ со Марио и Стефан кои испраќаат важна порака на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

„Игри без граници“ за подигање на свеста за лицата со Даунов синдром

Ана Ололовска

МТСП: Отворен е првиот Дневен центар за Даунов синдром

Ана Ололовска

Над 600 граѓани и компании трчаа на хуманитарната трка „Run for Down“

Ана Ололовска

Да трчаме за децата со Даунов синдром – „Run for Down“

Ана Ололовска