Две тешки кражби во куќи во Скопје

Од:

Непознат сторител на 19 мај од 19:30 до 22:40 часот, на улица „Козле“ во Скопје, користејќи згодна прилика извршил тешка кражба во куќа сопственост на М.Г.(55).

Одзел 5.700 евра и поголема количина златен накит со што се стекнал со противправна имотна корист во вкупна вредност од 840.000 денари.

Истиот ден, 19-ти мај, непознат сторител од 20:15 до 24 часот, на улица „Теодосиј Синаитски“ во Скопје, со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во куќа сопственост на Н.П.(41).

Притоа одзел 57.000 евра, 800.000 денари и поголема количина златен накит со што се стекнал со противправна имотна корист во вкупна вредност од 3.420.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он