Научници од Универзитетот во Мастрихт открија дека дури една третина од жените имаат наследен ген MMП2 кој го зголемува развојот на масното ткиво.
Според научниците, оние кои го имаат овој ген се соочуваат со два и полпати поголема веројатносра да се здебелат за повеќе од пет килограми во однос на другите жени.
Истраживачите направиле генетска анализа на околу 5.000 луѓе кои во последните десет години добивале и губеле на тежина. Тие утврдеиле дека генот MMП2 е присутен кај дебелите жени, но не и кај дебелите мажи.
Меѓутоа, научниците велат дека и мажите имаат свој „прекинувач“ за дебелеење. Се работи за верзијата на генот ФТО, под чие влијание тие можат да се здебелат двојно повеќе отколку жените.
ФTO и MMП2 гените можат да бидат одредени со раѓањето затоа што нивната активност е под контрола на половите хормони.
Сепак, Џон Вилдинг од Здружението за истражување на дебелењето нагласува дека не може целата вина да се префрли на гените, туку дека луѓето би требало да се грижат што јадат.
– Можеби не можете да ги промените своите гени, но можете да го промените своето однесување, порачува Вилдинг.