Регионална мрежа за културна разновидност на Гете – институтот Скопје

Од:

Во Скопје, денеска и официјално ќе се отвори проектот РЕАД – Регионална мрежа за културна разновидност, информираат од Гете – институтот Скопје. Од таму инфомираат дека настанот ќе се одржи во Europe House. Со оглед на ситуацијата со коронавирусот организаторите нудат можностa настанот да се следи во живо и онлајн на YouTube каналот на Europe House и на Facebook профилот на Гете-институт Скопје.

– Главната цел на проектот е да придонесе за помирување и интеркултурна толеранција со помош на отворање нови канали за комуникација за независните културни заедници, нудејќи им можности за вмрежување надвор од политичката сцена. Проектот нуди можности за размена на искуства преку заеднички проекти, јавни настани и кампањи. Ќе се промовираат различни културни иницијативи и ќе се обезбеди простор за претставување на работата на помали иницијативи во регионалната арена. Преку поттикнување на културата на читање и понуда на квалитетни литературни дела од регионот, проектот се стреми да ги промовира меѓукултурните читачки вештини и демократски вредности, соопштија од Гете – институт Скопје.

Проектот е финансиран од Европска комисија во рамките на грантовата програма „Можности на граѓанското општество и програми за медиуми 2018-2019“, Реф.број EuropeAid/162473/DH/ACT/Multi, со времетраење од 4 години во период од 01.09.2020 до 31.08.2024 година. Истиот ќе биде имплементиран од страна Гете-институт Скопје, како проектен координатор, и Центар за балканска соработка – Лоја (Северна Македонија), Instituti I Librit dhe i Promocionit (Албанија), Kalem Culture Association (Турција), Krokodil (Србија), Qendra Multimedia (Косово) како партнери.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање