Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтер е регистриран денеска во реонот на Томиславград, во југозападна Босна и Херцеговина.
Какошто соопшти сеизмолошкиот центар на БиХ, епицентарот на потресот бил на 13 километри од Томиславград, а потресот бил почувствуван во соседна Хрватска.
Засега нема информации за жртви и причинети материјални штети.