Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Чиле.
Епицентарот на земјотресот бил на 640 километри западно од Пуерто Ајсен, на длабочина од околу десет километри, соопшти Американскиот геолошки институт.
Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикана материјална штета.