Македонец загина во сообрајќајка кај Јагодина

Од:

На автопатот Белград-Ниш кај селото Милошево во близина на Јагодина во тешка сообрајќајна несреќа животот го загуби еден македонски државјанин, додека другите двајца сопатници се повредени и пренесени во општата болница во Јагодина.

Како што соопшти полицијата во Јагодина, возачот на патничкото возило со македонски регистраски таблички кое се движело на коловозната лента кон Белград, изгубил контрола над истото и излетал од патот.

25 годишниот С.Р од Скопје кој управувал со возилото заработил кривична пријава и е изведен пред истражен судија во Основниот суд во Јагодина под “сомнение дека извршил тешко кривично дело против безбедноста во јавниот сообрајќај“.

Би можело да ве интересира

Ламборџини вредно 300 илјади долари по само 20 минути од купувањето беше уништено на автопат

А1он

Седумгодишно дете во критична состојба откако во него удрил автомобил