ЈП „Јасен“: Протестот е организиран од рибокрадци

Од:

Јавното претпријатие „Јасен“ денеска излезе со соопштение во кое обвини дека вчерашната блокада на патот кај езерото е организирана од група која откако е поставен пунктот на јавното претпријатие, повеќе не можат да вршат криволов на езерото Козјак.

Претпријатието „Јасен“, кое стопанисува со хидроакумулацијата, во соопштението вели дека против водачите на оваа група одамна се поднесени пријави за криволов, неколкупати им е одземана риболовната опрема, а еден од нив, според „Јасен“, има правосилна пресуда за криволов на дивеч, со која е казнет со 240.000 денари.

Во сооопштението се вели дека „основното и вистинско барање на овие „граѓани“ е всушност несметано вршење на криминални работи, како што е криволовството на дивеч и рибокрадство, а ние со овој пункт и присуство тоа им го оневозможуваме“.

Би можело да ве интересира

Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“

А1он

Затворен е патот Македонски Брод – Скопје поради пожар во „Јасен“

Со денови трае макотрпната битка со пожарот во ловиштето „Јасен“

Горан Наумовски

Поради пожар затворен е патот Македонски Брод – Скопје

Активен е само пожарот во „Јасен“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарникарите ноќва ќе ги бранат објектите на Јавното претпријатие „Јасен“

Горан Наумовски