НАТО состанок за поддршката на С.Македонија, Албанија и Црна Гора за справување со Ковид-19

Од:

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО денеска и утре ќе одржат виртуелен состанок со кој ќе претседава генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Министрите ќе разговараат за напредокот во однос на пофер распределба на товарот, зајакнување на капацитетите за одвраќање и одбрана во сите домени, зајакнување на отпорноста на општестваta; и за мисиите на НАТО во Авганистан и Ирак. Ќе стане збор и за справувањето со пандемијата на Ковид-19 и поддршката од Алијансата за Северна Македонија, Албанија и Црна Гора.

-Пандемијата КОВИД-19 продолжува да не предизвикува сите нас. Нашите војски продолжуваат да играат клучна улога во поддршката на цивилните напори. И сојузниците си помагаат едни на други. Поставување на теренски болници и транспорт на пациенти. И овој месец, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија добиваат поддршка од новите резерви на НАТО. Ковид-19 не направи другите предизвици да исчезнат. Значи, останува од витално значење да инвестираме во нашата одбрана, рече Столтенберг вчера на прес – конференцијата по повод одржувањето на дводневниот министерскит состaнок.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници