Почнува изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“

Од:

АД „Електрани на Македонија“ денеска официјално ќе ја почне изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“.

Станува збор за прв ваков капцитет во Република Македонија кој ќе обезбеди чиста енергија од обновлив извор користејќи го ветерот како погонска сила.

Компанијата потпиша договор со Siemens Wind од Данска во конзорциум со грчки Siemens AS за испорака, транспорт, монтажа, пуштање во работа и одржување на 16 турбини на ветер.

Инсталираната моќност на секоја од турбините е 2,3 мега вати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата 93 метри. Монтажата на ветерниците ќе обезбеди вкупна инсталирана моќност од 36.8 мега вати.

Локацијата нуди можност во иднината да се постават дополнителни ветерни турбини кои би го заокружиле овој ветерен парк со инсталирана моќност од 50 мега вати.

Во моментот се работи на изведбата на потребната инфраструктура и придружните објекти за ветерниот парк преку договор со конзорциумот „Терна Сименс“ за изведба на патната инфраструктура, приклучниот далековод, командната зграда и 20/110 кило волти трафостаница.

Дел од средствата за реализацијата на проектот ветерен парк Богданци се обезбедени преку креди од германската КФВ банка потпишан во април минатата година. За проектот чијашто проценета вредност е 55,5 милиони евра, германската КФВ банка обезбеди 32,9 милиони евра, а останатите 22,6 милиони ќе ги обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Богданци и околината

Горан Наумовски

Маж од Богданци осомничен дека силувал малолетничка

Горан Наумовски

Детали за несреќата во која загина едно лице: Еден од учесниците во сообраќајката криумчарел мигранти

А1он

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Во пожарот кај Богданци досега изгореа 500 хектари, гаснењето ќе продолжи и утре