Национален сојуз на слепи: Еднаш годишно направете офталмолошки преглед

Од:

Национален сојуз на слепи кој претставува повеќе од 2 570 лица со оштетен вид го одбележува 15 Октомври-Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на Обединетите Нации.

Белиот стап, како што истакнуват од Националниот сојуз на слепи, не е само симбол на слепиот човек, тоа е и сообраќаен знак.

– Ви се обраќаме по овој повод до вас, до јавноста, до граѓаните со една единствена цел ве потсетуваме дека ние сме тука секојдневно до Вас. Ние сме Ваши соседи, роднини, пријатели. Бидејќи секому може да се случи. Никој не е имун. Воедно Ве потсетуваме барем еднаш годишно да направите комплетен офталмолошки преглед. Грижете се за здравјето на Вашите очи, велат од Националниот сојуз на слепи.

Ги потсетуваат граѓаните барем еднаш во годината да направат нешто за себе и за нивното здравје со тоа што ќе посетат офталмолог за комплетен офталмолошки третман.

– Кога последен пат ги проверивте Вашите очи? Кога последен пат направивте нешто за себе, за здравјето на Вашите очи? Ако редовно одите на фризер, на козметички третмани и се грижите за вашето тело, спортувате, редно време е да го направите тоа и за вашите очи, за истите и понатаму да продолжат да го гледаат одразот во огледалото. Одете на офталмолог барем еднаш годишно. Освестете се дур не биде премногу доцна. Затоа што она што очите го гледаат не се опишува со зборови. Помогнете си себеси. Ќе ве чини 10 мин од вашиот ден, но ќе ве чини вид за цел живот, наведуваат од Националниот сојуз на спели.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден на Брајово писмо и образование на лицата со оштетен вид

Ана Ололовска

Апликацијата со која слепите лица пишаниот текст ќе го слушаат во аудиоформа достапна и на албански јазик

Ана Ололовска

Слепите лица и лицата со пречки во видот добиваат бесплатна дигитална алатка – Аудио читач “Кико”, достапна на македонски јазик, применлива без интернет поддршка

Ана Ололовска

„Новогодишна сказна“ – двојазична сликовница за деца со оштетен вид

Катерина Ѓуровски

Здружението на слепи лица во Штип со проект за надминување на предизвиците од коронакризата

Ана Ололовска

Достапноста до книгите за лицата со оштетен вид води до подобро образование и социјалната интеграција

Ана Ололовска