Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека од Советот за безбедност на ОН зависи дали ќе биде донесено решение за воведување забранета зона за летови во Сирија.
– Ова не е одлука која може да биде донесена меѓу САД и Турција, истакна турскиот премиер за време на дискусијата во американскиот институт „Брукингс“.
Ердоган смета дека за вакво решение е неопходно да одлучи Советот за безбедност на ОН.