Вработените во рестораните Мекдоналдс во Македонија остануваат во работен однос, рече Светозар Јаневски, на средбата оддржана по негово барање, а на која присуствуваа и претставници на менаџментот на компанијата која управува со Мекдоналдс франшизата во Македонија, објави 24 Вести.
Јанвески посочи дека и покрај затворањето на рестораните кое настана како последица на околности на кои компанијата „СЈ“ не можеше да влијае, компанијата ќе продолжи да работи.
Компанијата „СЈ“, франшиза на Мекдоналдс за Македонија од 1997-ма година, ќе продолжи да бара решение кое ќе ни овозможи повторно да ги отвориме вратите на нашите ресторани, што е можно побрзо.
За таа цел, се надеваме на корисни преговори со Мекдоналдс корпорацијата, кои ќе овозможат да продолжи функционирањето на Мекдоналдс франшизата во што досега се инвестирани над 6 милиони евра, што секако ќе биде во интерес на потрошувачите, сите вработени и заедницата, беше констатирано на информативниот состанок за сите вработени во Мекдоналдс рестораните во Македонија за новонастаната ситуација.