Приведен еден од главните осомничени за бомбашките напади во турскиот град Рејханли

Од:

Турските сили за безбедност го привеле еден од главните осомничени за двојниот атентат со автомобили бомби, извршени во саботата во турскиот град Рејханли, во близина на границата со Сирија, во кој загинаа 51 лице, а над 100 беа повредени, соопштија француските медиуми, повикувајќи се на валијата на округот Хатај.

Турските власти за атентатите обвинија нелегална турска левоекстремистичка група, што Анкара ја смета за терористичка организација и блиска до сириското разузнавање.

-Синоќа во 23.40 часот М.Г., еден од главните осомничени, беше приведен. Други двајца, замешани во атентатите, се уште се кријат, изјави на прес конференција Џелелетин Лекесиз, валијата на округот Хатај, каде беа извршени атентатите.

Лекесиз објасни дека тројцата мажи, кои се од округот Хатај, се обиделе да избегаат во Сирија, но нивното бегство било осуетено од силите за безбедност.

Валијата го повика населението да соработува со полицијата за апсењето на другите двајца осомничени.

Според турскиот ТВ канал НТВ, М.Г. бил човекот кој ги купил двата микробуса, искористени во атентатите.

Лекесиз посочи дека бројот на приведените во врска со нападите достигнал 13 лица. Четворица беа ставени во првичен притвор, четворица беа ослободени во очекување на судски процес, а други четворица денеска ќе бидат изведени пред суд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски