Турција бара учество во предложениот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и САД

Од:

Турција бара учество во предложениот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и САД, што, како што таа стравува, може да ја остави надвор од играта и да попречи на амбициите да стане една од десетте водечки економии во наредната деценија.

Трговијата беше меѓуглавните теми на средбата вчера во Вашингтон меѓу американскиот претседател Барак Обама и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Турскиот лидер изрази загриженост дека еден ваков договор би можел да и наштети на трговијата на Турција со ЕУ и со САД.

Порано оваа година Ердоган му пиша на Обама за загриженоста од влијанието на проектот врз Турција, која остварува поголем дел од трговијата со Европа, и побара Вашингтон да изработи паралелен и подетален договор со Анкара.

– Сакам да уверам дека додека САД се стремат кон ново трговско и инвестициско партнерство со ЕУ, продолжуваме да ги продлабочуваме економските врски со Турција, рече Обама на заедничка прес-конференција со Обама во Белата куќа.

Турција има царински договор со ЕУ, според кој трети земји кои ќе потпишат трговски договор со ЕУ, автоматски добиваат пристап до турски пазари. Турција, меѓутоа, не е задоволна на истата реципрочна полза за својот извоз.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски