Мекдоналдс рестораните и денеска беа затворени. Според официјалното соопштение на компанијата „СЈ“, која го менаџира бизнисот на америкаснкиот бренд за брза храна лиферувано доцна синоќа, рестораните ќе бидат отворени што е можно поскоро, објави 24 Вести.
Како последица на околности кои се надвор од контрола на компанијата, од фирмата „СЈ“ било побарано на 14-ти мај да ја запре работата на рестораните во Македонија.
Неофицијално во игра се сеуште две сценарија.
Според првото, наводно се работи за можни сопственички промени и судир на акционери, а според второто сценариото наводно се подготвувала продажба или одземање на франшизата за поседување на овој бренд.
Компанијата „СЈ“ од 1997 година ја има франшизата на Мекдоналдс во Македонија која има инвестирано шест милиони евра во развојот на бизнисот.
Сопственик на 90 проценти од седумте ресторани на „Мекдоналд“ во Македонија е инвестициската групација М6, на чие чело е бизнисменот Светозар Јаневски.