Грција ја откажува традиционалната воена парада поради пандемијата

Од:

Со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, поради пандемијата, оваа година нема да се одржи традиционалната воена парада во Солун на 28 октомври, кога се одбележува денот „Охи“ (Не), односно негативниот одговор на Грција на ултиматумот од Италија во 1940 година.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите ја соопшти одлуката на Мицотакис, како за воената парада во Солун, така и за парадата на учениците во Атина.

Говорејќи за пандемијата, Пецас рече дека во овој момент има стабилизирање на ситуацијата, а не драстично зголемување на случаите и истакна дека „ако продолжиме вака нема да има потреба од нови мерки“.

Паралелно, објасни дека не се разгледува можноста за задолжително носење маска и надвор, ниту пак да се воведе полициски час од полноќ.

Би можело да ве интересира

Грчко МНР: Сиљановска го прекрши Преспанскиот договор и Уставот на земјата

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Провокација од Сиљановска, ја нарече земјата „Македонија“

Катерина Ѓуровски

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

(ВИДЕО) Голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи