Јапонски министер добил заканувачко писмо со брич

Од:

Јапонскиот државен министер за економска и фискална политика на Јасутоши Нишимура добил плико со брич и закани за неговиот живот, јави новинската агенција Кјодо.

Пликот бил доставен до зградата на Советот на министри во центарот на Токио попладнето на 2 октомври. Вработен во кабинетот го отворил и го нашол бричот и лист на кој рачно неколку пати било напишано „Умри“. Авторот на пораката се потпишал како „обожавател на министерот Нишимура“.

Полицијата уште истиот ден била известена за инцидентот и во моментов се води истрага.

Од септември 2019 година Нишимура е одговорен за економската состојба на земјата, а сега и за мерките за борба против коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија