Во Турција уапсени уште четири лица осомничени за експлозиите во Рејханли

Од:

Уште четири лица се уапсени во Турција во врска со експлозиите на двата аутомобила-бомби во кои минатиот викенд во градот Рејханли, на границата со Сирија, беа убиени 51 и ранети повеќе од 100 лица, јави агенцијата Анадолија.

До сега се приведени и заддржани вкупно 17 осомничени за поврзаност со овие бомбашки напади, а полицијата продолжува да ги испитува останатите осомничени.

За сега не се знае какви обвинувања им се закануваат на уапсените, пренесуваат британските медиуми.

Турска влада го обвини режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад дека стои зад експлозиите во градот Рејханли, а Дамаск овие обвинувања ги отфрли.

Бомбашките напади изведени во саботата во Рејханли, град во кој засолниште најдоа малку повеќе од 300.000 сириски бегалци, ги разбудија стравувањата од ширење на сириската граѓанска војна на соседните земји.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција