Привремено затворени рестораните на Мекдоналдс во Македонија

Од:

Мекдоналдс рестораните во Македонија се привремено затворени и ќе бидат повторно отворени што е можно поскоро, соопшти денеска компанијата „СЈ“, која од 1997 година ја има франшизата на Мекдоналдс во Македонија.

Како што се наведува во соопштението, како последица на околности кои се надвор од контрола на компанијата, од неа било побарано на 14 мај да ја запре работата на Мекдоналдс рестораните на територија на Македонија.

– Во моментов бараме решение кое ќе ни овозможи повторно да ги отвориме вратите на нашите ресторани, што е можно побрзо. За таа цел, се надеваме на корисни преговори со Мекдоналдс корпорацијата, кои ќе ни овозможат да ја продолжиме нашата мисија и да ги услужуваме нашите верни потрошувачи во Македонија, се посочува во текстот.

Од 1997, кога се отвори првата франшиза на Мекдоналдс во Скопје, Мекдоналдс Македонија го направи овој глобален бренд достапен земјата и обезбедува стабилно вработување за повеќе од 200 лица. До денес, како што се вели во соопштението, Мекдоналс франшизата во Македонија, инвестираше шест милиони евра во воспоставувањето на брендот и развојот на бизнисот, со цел задоволување на потребите на потрошувачите.

Би можело да ве интересира

Масовно труење во Мекдоналдс: Едно лице почина, 10 хоспитализирани

„Мекдоналдс“ повторно ги отвара рестораните во Украина

Мекдоналдс ги продава рестораните во Русија поради војната во Украина

Мекдоналдс привремено затвора 850 ресторани во Русија

А1он

Поранешни сопственици на франшизи „Мекдоналдс“ ја тужат компанијата за расна дискриминација

Жарко Настоски

Мекдоналдс мора да им плати 26 милиони долари на „недоволно платените работници“

Ана Ололовска