„Критична маса“ во Скопје со апел за подобрување на велосипедската инфраструктура

Од:

Под слоганот „Приказната продолжува… Се гледаме на улиците!“ утре попладне од 17.30 часот од плоштадот „Македонија“ на скопските улици ќе се возат велосипеди, како дел од 85-тиот настан „Критична маса“.

Иницијативата „НаТочак“, која го координира настанот, соопшти дека повеќе од кога било на велосипедите им е потребна солидна инфрастуктура и дека „Критичната маса“ ќе се организира сѐ додека не бидат исполнети условите во главниот град.

– Животот со пандемијата се забави во изминатиот период, но ерата на микромобилните средства е во полн ек и градот мора да го фати чекорот со неа. Продажбата на велосипеди откако почна пандемијата со КОВИД-19 тројно се зголеми во земјата, покажувајќи дополнително дека граѓаните преферираа да возат велосипед за транспорт значително повеќе од претходните години, најмногу затоа што велосипедот беше препорачан како безбедно превозно средство поради физичката дистанца. Тоа, истовремено ја зголеми и потребата за солидна, непрекината и безбедна велосипедска инфрастуктура, со цел да ги опслужи потребите на зголемениот број велосипедисти, нешто за кое иницијативата се залага години наназад, наведуваат организаторите.

Додаваат и дека сега повеќе од секогаш стана евидентна и потребата од пространи и широки, наспроти импровизирани патеки поставени без стандарди и посочуваат на примери во многу европски градови кои брзо се приспособија на новонастанатата ситуација со тоа што поставија привремени велосипедски патеки и експресно инвестираа во нови решенија, зголемувајќи ја дополнително постојната велосипедска инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Седум години Критична маса во Скопје

Ана Ололовска

Во Скопје 70. „Критична маса“, посветена на кражбите на велосипеди

Ана Ололовска