Рестораните на Мекдоналдс во Скопје денеска не беа отворени. Причините за ова не се познати, а како што пишува на вратата на еден од нив, тие денес се затворени поради „интерни причини“.
Порталот Економски лидер пишува дека причините се внатре во компанијата потврдуваат и од надлежните инспекции од каде кажале дека тие не стојат зад затворањето на рестораните.
Според порталот, на вработените им било кажано да не одат на работа неколку дена, а според неофицијални информации, се прави попис на имотот. Дали ќе се продава франшизата и ќе има промена на сопственичката структура, засега нема одговор од раководството на компанијата, пишува порталот.
Во рестораните на „Мекдоналдс“ во Македонија работат над 200 луѓе.